ЗПОХ „Биовита" заедно со членови од здружението, учествуваа на тренинг за интегрирана сигурност спроведен од здружението Kvinna till kvinna, од 27 - 29 Март во градот Охрид.
Saturday, March 30, 2019
Sunday, March 24, 2019
Членови на ЗПОХ Биовита и членови на macBee учествуваа на посета во Малта и Сицилија
Во
рамките на соработката помеѓу Македонското здружение за заштита на македонската
автохтона медоносна пчела – MacBee (www.macbee.org) и здружението за заштита на биодиверзитетот од Малта
- Breeds of Оrigin, од 18 до 25 март се реализираше студиско патување на
медитеранските острови Малта и Сицилија во Италија. При посетата, единаесетте
членови на MacBee имаа можност да се запознаат со начинот на
одгледување на автохтоните медоносни пчели во Малта (A.
m. ruttneri) и Сицилија (A. m. siciliana), како и начинот на добивање, пакување и маркетинг на
пчелните производи од овие загрозени популации на медоносни пчели.
Tuesday, March 19, 2019
Активности во Март
Член од ЗПОХ „Биовита“ учествуваше на Работилница во Вардарски плански регион во рамки на „Активни граѓани за добро владеење“кој се спроведува од ФОРУМ-ЦСИД со поддршка од проектот на УСАИД за граѓанско учество. Работилницата се одржа од 15-17 Март во Велес.
Saturday, March 16, 2019
Втора Работилница на проектот: Витач-Инкубатор за органско производство
Здружението на производители на органска храна „Биовита" на ден 15.03.2019 год. во салата за состаноци во општинската зграда на Општина Кавадарци ја реализирапе втората работилница од проектот „Витач" - Инкубатор за органско пчеларство кој се спроведува во рамите на програмата за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) кој е финансиран од Европската Унија (ЕУ), а спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), на тема: „Пролетен развој на пчелните семејства“, Предавач експерото за пчеларство Мирољуб Голубовски.
Thursday, March 14, 2019
Прва работилница од проектот „ВИТАЧ" - Инкубатор за органско пчеларство
Здружението на производители на органска храна „Биовита" на ден 14.03.2019 год. започна со првата работилница од проектот „Витач" - Инкубатор за органско пчеларство кој се спроведува во рамите на програмата за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) кој е финансиран од Европската Унија (ЕУ), а спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), на тема „Биологија на пчелата и пчеларска опрема". Предавач е експертот по пчеларство Мирољуб Голубовски.
http://www.rtk.mk/index.php/kavadarci/4582-inkubator-za-organsko-pcelarstvo-vitac.html?fbclid=IwAR1S3wxEjP0wA-Cf6UJNzdoy1KP0fUpwNztRxBZoXU1Xp0itScppFHeriiQ
http://www.rtk.mk/index.php/kavadarci/4582-inkubator-za-organsko-pcelarstvo-vitac.html?fbclid=IwAR1S3wxEjP0wA-Cf6UJNzdoy1KP0fUpwNztRxBZoXU1Xp0itScppFHeriiQ
Тематска работилница во Март
ЗПОХ „Биовита“ присуствуваше на Тематската работилница на тема: „Приоритетни теми за развој на руралните средини во југозападниот регион“ во рамките на проектот: „Национален рурален парламент како глас на руралното население“ во соработка со ГО „Ековита“ од Неготино како негов грантиста на проектот „Фер кон природата“а ЗПОХ „Биовита“ беше ко-апликант на проектот
Friday, March 8, 2019
Обуки во Март
ЗПОХ Биовита од 4 до 6 Март во Охрид учествуваше на обука организирана од Kvinna till Kvinna на тема „Информациска безбедност".
Subscribe to:
Posts (Atom)