Monday, September 28, 2020
Zoom конференција
Thursday, September 24, 2020
ЗООМ активност во Септември.
Волонтерка од ЗПОХ „Биовита“-Кавадарци учествуваше на ЗООМ настан со наслов
„Депонија или трпеза за вишокот на земјоделски производи?“
Настанот беше организиран од страна на „Рурална Коалиција“
Настанот се одржа на 22.09.2020 година .
Wednesday, September 16, 2020
Активни жени -здрава иднина
Здружението на производители на органска храна „Биовита“- Кавадарци на 14.09.2020 год. го потпиша Договорот за реалзација на пилот - проектот „Активни жени - здрава иднина“ ( кој е дел од проектот „Зајакнување на локалното женско организирање“, спроведуван од Акција Здруженска - Скопје во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој - Сида.Пилот-проектот „Активни жени - здрава иднина“ е во треање од 7 месеци во кој се опфатени две села во Општина Кавадари, и две села во Општина Неготино.
Sunday, September 13, 2020
Активности во септември
На 07.09. 2020 Здружението на органски производители „Биовита“ - Кавадарци беше дел од Session 14: Climate, covid, capitalism - why we need a global green new deal Confirmation
, на покана од Young Friends of the Earth Europe
Thursday, September 10, 2020
Зоом активност август- септември
ЗПОХ „Биовита“ -Кавадарци присуствуваше на онлајн сесии во август и септемви на Балканскиот регионален форум, каде што се презентираа нацрт-принципите за Балкански план за зелено и правилно закрепнување и создавање на основи за социјално праведна и одржлива иднина во 2030 година за регионот на Балканот.