Од 14 октомври до 25 ноември2021, Институтот за општествени и хуманистички
науки, Скопје со поддршка од фондацијата Kvinna till Kvinna ја реализираа првата неформална школа “Феминистичко образование за сите“на која учествуваа и членки, волонтерки во ЗПОХ „Биовита“- Кавадарци.
Школата
имаше за цел да им понуди на учесниците, млади жени и девојки, лица од
различна етничка припадност, род, различни видови на попреченост,
различни места на живеење како и лица со различен економски статус
предавања од областа на феминизмот, родовите студии и женските студии.
Институтот во рамките на својата наставна дејност спроведува магистерски
студии по род, а целта на оваа школа е да се доближи темата и знаењата
од таа област до што поголема популација која има интерес. Предавачите
на школата говореа за: Историјата на женското движење за ослободување;
Главните интелектуални идеи и нивните политички рефлексии: традицијата
на либералниот феминизам, социјалистичка и анархистичка традиција, втор и
трет бран на феминизам; Интерсекционалност; Жените и економската
еднаквост.
Линкот до видеo записот од предавањата одржани во рамки на школата.
Неформална школа „Феминистичко образование за сите“
Wednesday, December 8, 2021
Неформално феминистичко учење
Subscribe to:
Posts (Atom)