Од 14 октомври до 25 ноември2021, Институтот за општествени и хуманистички
науки, Скопје со поддршка од фондацијата Kvinna till Kvinna ја реализираа првата неформална школа “Феминистичко образование за сите“на која учествуваа и членки, волонтерки во ЗПОХ „Биовита“- Кавадарци.
Школата
имаше за цел да им понуди на учесниците, млади жени и девојки, лица од
различна етничка припадност, род, различни видови на попреченост,
различни места на живеење како и лица со различен економски статус
предавања од областа на феминизмот, родовите студии и женските студии.
Институтот во рамките на својата наставна дејност спроведува магистерски
студии по род, а целта на оваа школа е да се доближи темата и знаењата
од таа област до што поголема популација која има интерес. Предавачите
на школата говореа за: Историјата на женското движење за ослободување;
Главните интелектуални идеи и нивните политички рефлексии: традицијата
на либералниот феминизам, социјалистичка и анархистичка традиција, втор и
трет бран на феминизам; Интерсекционалност; Жените и економската
еднаквост.
Линкот до видеo записот од предавањата одржани во рамки на школата.
Неформална школа „Феминистичко образование за сите“
Здружение на производители на органска храна „Биовита“ - Кавадарци, Македонија
Wednesday, December 8, 2021
Неформално феминистичко учење
Tuesday, October 19, 2021
Активност септември/октомври 2021
ЗПОХ „Биовита“- Кавадарци присуствување на во текот на месец септември присуствуваше Обуки на теми со: модул: Застапување, Мониторинг, Градење партнетства, Застапување на ГО пред институциите, во рамки на проектот Мрежа Фискаст, одржани онлајн преку платформата ЗУМ.
Wednesday, September 22, 2021
Активности септември месец
ЗПОХ Биовита, Кавадарци во септември 2021 учествуваше на Вебинар - советувањето за Законот за заштита на личните податоци кое го организира членката на Мрежата за финансиска одржливост - Македонското здружение на млади правници (МЗМП) што ја следи оваа регулатива.
Советувањето се одржа на 03.09.2021 на Zoom Платформата.
Monday, July 5, 2021
Активности Јуни
ЗПОХ Биовита учествувше на формирањето на мрежата за растителен агробиодиверзитет, дел од проект спроведуван од Фондација Аполонија - Гевгелија и Ајде Македонија, а поддржан од USAID и Мировен Kорпус. Разгледување на предлог документ како основа за развивање дискусија за принципите, начинот на работа на новоформираната мрежа за агробиодиверзитет, програмските приоритети.
Tuesday, June 22, 2021
Активности во јуни месец
Претставничка на ЗПОХ Биовита, Кавадарци присуствуваше на промотивниот настан за првата Регионална прекугранична волонтерска програма за млади, ROUTE WB .
Можност за младите луѓе од Западен Балкан да волонтираат во регионот, во програма која е креирана од млади за млади луѓе.
Friday, June 11, 2021
Активности во мај месец
На платформата Зум во месец мај, претставничка на ЗПОХ Биовита - Кавадарци, присуствуваше на Консултации за нацрт-законот за волонтерство во организација на Младински културен центар-Битола, Коалиција на младински организации СЕГА и Конект.
Thursday, June 3, 2021
Активности во месец мај
ЗПОХ Биовита учествуаше на 3-те сесии - Форум на Заедницата, Општина Кавадарци, во рамките на проектот: „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ (во оригинал: “Through gender lenses: appraising budgets and policies; watchdogging local action plans for gender equality implementation ”), финансиран од Европската Унија преку програмата Support to Civil Society Networks and Platforms in the Republic of North Macedonia.