Monday, October 28, 2019

Работилница во октомври со Мрежата за рурален развој



Здружението на производители на органска храна „Биовита“ - Кавадарци  со дел од своите членки присуствување на Работилница на тема: „Поддршка за вработување на млади и жени од
руралните области“, организирано од Мрежата за рурален развој.Акцентот  беше ставен на  Социјално претприемништво засновано на руралниот развој.
Работилницата се одржа на 25.10.2019 во Демир Капија, во Вила Марија.




Sunday, October 27, 2019

Работилница за вработување на младите во Руралните средини

Членови на Здружението на производители на органска „Биовита“, присуствуваа на работилница на тема „Можности за вработување на младите“ , со цел поголемо активирање и подобра функционалност на групата за „Рурална младина“, што се одржа на ден 26.10.2019 год. во Скопје, во организација на Rural Development Network of the Republic of Macedonia.





Tuesday, October 22, 2019

Регионална конференција за можностите и предизвиците на жените од руралните средини

Членка на Здружението на производители на органска храна „Биовита“ учествуваше на конференција организирана од  Kvinna till Kvinna Foundation и Организација на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ финансиран од Делегацијата на Европска Унија Ве поканува да земете учество на регионалната конференција „Можности и предизвици на жените од руралните средини од Вардарскиот плански регион“.
Конференцијата се организира по повод Меѓународниот ден на жените од руралните
средини - 15 Октомври, со цел да обезбеди поголема видливост и вклученост на овие жени
на локално ниво и нивна поголема соработка со локалните власти. Покрај тоа,
конференцијата има за цел и да ги доближи локалните власти до жените од руралните
средини и одблиску да ги слушнат предизвиците со кои тие се соочуваат секојдневно, како и
самите жени да слушнат и предложат на локалните власти како да се подобри нивната
положба на локално ниво.

Sunday, October 20, 2019

Обука за раководење со човечки ресурси

  Членка на здружението на производители на органска храна „Биовита“ присуствуваше на  обука за „Раководење со човечки ресурси“ на ден 18-19.10.2019 во  Винарија, Вила Марија, Демир Капија.
Цели на Обуката беа учесниците на работилницата да:
 добијат информации за современото управување со човечки ресурси;
 ги идентификуваат начини на тренирање на човечки ресурси за подобрување на ангажманот и
перформансите на човечките ресурси;
 ја согледаат потребата од развој на лидерството;
 учествуваат во креирање на стратегија за успех; и
 учествуваат во развивање на план за зајакнување на организациските капацитети.


Tuesday, October 15, 2019

Меѓународен ден на руралната жена

 Здружението на производители на органска храна ,,Биовита" присуствува на одбележувањето на  „Меѓународен ден на руралната жена“.
Настанот секоја година се организира од страна на Националната федерација на фармери (НФФ) и Мрежата за рурален развој (МРР) со поддршка на Шведската организација за развој We Effect. Минатата година беше потпишана Декларација за подобрување на економската и социјалната положба на руралните жени од страна на НФФ, МРР, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за труд и социјална политика, која беше подржана од страна на Шведската организација за развој We Effect и UN Women.

Оваа година, Меѓународниот ден на руралната жена се одржува на 15-ти октомври во Демир Капија  и ЗПОХ ,, Биовита " има чест и прилика со своите членки, органски производителки и поддржувачки на органското првпат да учествува на оваа манифестација од особено значење за руралната жена. 


Thursday, October 10, 2019

Работилница за управување со дестинации II

Здружението на производители на органска храна „Биовита“ од 09-10.10.2019 год. во хотел Гардениа - Велес,   учествуваше на дводневна обука на тема „Работилница за управување со дестинации“ водена од експертот  Roger Carter  во реализација од Светска Банка .






Friday, October 4, 2019

Студиска посета во градот Кавадарци

ЗПОХ „Биовита“ излезе во пресрет на барањето на Фондацијата “ Gratë Fermere – Suharekë” од Косово да организира групна посета на 15 косовски жени рурални фармерки за посета на четири рурални жени од Тиквешијата кои се занимаваат со земјоделие и преработка на земјоделски производи, дел од нив се органски производи. 
Посетата се реализира на ден 03.10.2019 год. и беа посетени: Нада Маринковиќ во с. Градско, со преработувачки капацитет на пчелни производи, Весна Јаневска од с. Росоман, прогласена за,, Жена на годината 2018 год. ", која се занимава со одгледување и преработка на зеленчук и овошје на традиционален начин, Љубица Митревска од Кавадарци, жена која се занимава со производство на гроздов сируп т. н Маџун и посета на Еко-Груп, преработувачки капацитет за преработка и производство на органски вегански производи. Целта на посетата беше размена на искуства со жени земјоделки од регионот на  Тиквешијата, при што жените земјоделки активни членки на Фондацијата од Сува Река имаа можност да ги слушнат женските активности и одлуки на руралната жена во нашата земја.

 Во прилог следува линк и фотографии од реализираната посета.




Tuesday, October 1, 2019

Климатските промени во пчеларството


ЗПОХ „Биовита“ ги заврши активностите од проектот „Витач – Инкубатор за органско пчеларство“ кој се имплементира во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а се спроведува од Програмата за развој на Обединети нации (УНДП),  со последното спроведено предавање за климатски промени, на ден 30.09.2019 год. во Собраниската сала на Општина Кавадарци.
На предавањето проф. д-р Хрисула Кипријановска ,професорка на факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, ги запозна присутните со темата на начин што ке можат да ја разберат и да придобијат информации околу климатските промени во пчеларството.

Во прилог следуваат линкови и фотографии од предавањето.
http://rtk.mk/kavadarci/5228-klimattskite-primeni-i-pcelarstvoto.html?fbclid=IwAR1BYiP2LplaJ9e_09hmVKqSKhK2LW4G8Di49leez-7Fb-qQufbv490FMLs

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%ba%d1%83-%d0%ba%d0%bb%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%b2%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b0%d1%82-%d0%b2%d1%80/?fbclid=IwAR1VJxyott1LxPIg49G25diRXefDzFFUrOOniQ9TgMGohGmMuUIVBCrh0Sc