Monday, August 31, 2020

Активност за Зоом платформа - август

 

  ЗПОХ „Бивита“ - Кавадарци, учествуваше  на онлајн настанот „Заштита на личните податоци – право на секој граѓанин“ одржан на 26 август 2020 година на платформата ЗООМ, организирана од МЦМС.



Wednesday, August 26, 2020

Работни волонтерски активности

 На  25.07. 2020 ЗПОХ „Биовита“ - Кавадарци со Здружението на „Лица со церебрална парализа“ - Велес и „ МамаОргана“ која делува во областа социјално претприемништво остварија работен волонтерски состанок на тема- Можности и преспективи за работа.




Sunday, August 23, 2020

Обука во август

 ЗПОХ „Биовита“ - Кавадарци со две претставнички учествуваше на воведна обука за граќански организации од 19 до 21 август во Струга на тема - Развивање локални планови за поттикнување на женското граќанско учество во процесите на планирање и донесување одлуки.

Акција Здруженска

UN Women Skopje







Thursday, August 6, 2020

Видео од пректни активности на Регионалната програма за локална демократија (ReLOad), имплементирана од UNDP, 2019



Видео од пректни активности на ЗПОХ  „Биовита“- Кавадарци, при реализација на проектот „Инкубатор за органско пчеларство - Витач“ заедно со други две здруженија од нашата земја  кои го имаа пчеларството како проектна активности со слични поректни цели и резултати на  активностите кои се спороведуваа во рамките  Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOad), финансирана од ЕУ, а имплементирана од UNDP во 2019 год.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=943246832753171&id=199770503767478

Работилница за ЗПОХ „Биовита“ и „Мал групен дом на деца во социален ризик - Кавадарци“

На 31и Јули, ЗПОХ „Биовита“ реализираше работилница со „Мал групен дом на деца во социален ризик - Кавадарци“со активност ронење сув цвет од органска лаванда. Корисниците на овој Дом ќе изработат перничиња од лаванда во наредниот период. Исто така ЗПОХ „Биовита“ им донираше и веќе изработени торбички за лаванда.





Tuesday, August 4, 2020

Работилница со лаванда за ЗПОХ „Биовита“ и „Здружение на лица со церебрална парализа - Велес“

На 30ти Јули, ЗПОХ „Биовита“ реалисираше работилница со „Здружение на лица со церебрална парализа“ во просториите на здружението во Велес. Преку активност ронење на сув цвет од органска лаванда. Членовите за оваа здружение во блиска иднина ќе изработат перничиња од лаванда. Исто така ЗПОХ „Биовита“ им донираше и веќе изработени торбички за лаванда.