Tuesday, July 23, 2019

Најновиот број на електронскиот билтен на Мрежата за рурален развој.



Излезе најновиот број на електронскиот билтен на Мрежата за рурален развој.
Повеќе информации за активностите на Мрежата и нејзините членки, спроведени во периодот јануари – јуни 2019, ќе најдете на следните линкови:




  МК: http://ruralnet.mk/wp-content/uploads/2019/07/e_bilten_18_mk.pdf

Практична работилница 8

ЗПОХ „Биовита“–  Кавадарци на ден 22.07.2019 год. во инкубаторот „Витач“ на висорамнина Витачево  ја одржа осмата практична работилница на тема „Обука за вадење мед”.На работилницата беше назначено дека ќе се работи на тема „Обука за вадење мед“ , но поради  неповолните временските услови, оваа година нема доволна количина за вадење на мед, па целната група работеше на младите пчелни семејства – нуклеусите. Секој учесник работеше на своите предвидени 2 млади пчелни семејства,  со помош на обучувачот им вршеа контрола и на пчеларскиот дневник ги запишуваа недостатоците за следната практична обука.


Tuesday, July 16, 2019

Практична работилница 7

Здружението на производители на органска храна „Биовита” –  Кавадарци на ден 15.07.2019 год. во Инкубаторот „Витач“ на висорамнина Витачево  ја одржа седмата практична работилница на тема „Двоматично пчеларење“ од проектот  „Витач – Инкубатор за органско пчеларство”.
Целната група беше ангажирана да работи на пчелните семејства кои што предвидени за секој од учесниците на проектот, заедно со обучувачот за органско пчеларење. На инкубаторот „Витач“ дојдоа во посета донаторите на проектот и двајца преставници од општината со цел да извршат мониторинг на проектните активности т. е. да присуствуваат на  дел од активностите на проектот, да се запознаат со поддетални  активности на терен со на целната група, работата на проектниот тим и успешноста на спореведувањето на проектните активности.




Посета на Инкубаторот „Витач“ со децата од „Мал Групен Дом“ - Кавадарци

ЗПОХ „Биовита“ на ден 12.07.2019 год. изврши посета на Инкубаторот „Витач“ со децата од „Мал Групен Дом“ - Кавадарци, со цел да се запознаат со органскиот пчеларник, со органскиот свет и да дознаат некои информации во врска со органското производство.










Friday, July 5, 2019

Kvinna till Kvinna

ЗПОХ „Биовита“  од 01.07.-04.07. 2019 год во хотел Изгрев-Струга , учествуваше на мрежниот состанок за претставнички на граѓански организации,која се имплементира во синергија помеѓу проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество” финасиран од Делегацијата на Европска Унија, а имплементиран во партнерство помеѓу Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе и програмата за поддршка на граѓанските организации финансирана од СИДА.