Friday, September 27, 2019

Граѓански ресурсен центар

Македонскиот центар за меѓународна соработка и Медиа плус, Штип во рамките на проектот Граѓански ресурсен центар организираа отворен ден со граѓанските организации во Кавадарци во петок, 27 септември, во просториите на Центарот за поддршка на невладини организации -  Кавадарци, меѓу кои учество зазема ЗПОХ „Биовита“.
Целта на средбата беше да се информираат граѓанските организации за можностите што ги нуди центарот други теми и прашања кои се од интерес за функционирањето на организациите. 
Проектот Граѓански ресурсен центар е финансиран од Европската Унија а го спроведува МЦМС во партнерство со АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип.



Wednesday, September 18, 2019

Работилница за управување со дестинации

Здружението на производители на органска храна „Биовита“ од 16 -17.09 учествуваше на дводневна обука на тема „Работилница за управување со дестинации“ водена од експертот  Roger Carter  во реализација од Светска Банка.



Monday, September 16, 2019

„Ден на граѓанските организации“ - Civica Mobilitas

  На ден 14.09.2019 год. покрај 80 граѓански организации, тимот на ЗПОХ „Биовита“ учествуваше на настан „Ден на граѓанските организации“ спроведен од програмата Civica Mobilitas. Над 80 граѓански организации се претставија со многубројните активности и размена на искуствата меѓу нив, а нашето здружението му стави акцент на органското производство.


EQzbwMF-GkDLID0UWEIaiF0Dypw&__tn__=EHH-R

Thursday, September 12, 2019

Завршен настан на проектот „Витач“ - Инкубатор за органско пчеларство

ЗПОХ „Биовита“ го спроведе завршниот настан на проектот „Витач“ на ден 11.09.2019 год. во општинските простории на Општина Кавадарци. На завршниот настан се презентираа сработените активности од страна на проектниот тим и постигнатите резултати.

Во прилог следи видео од завршниот настан на проектот „Витач“ - Инкубатот за органско пчеларство.
https://www.youtube.com/watch?v=zzk-ee2cwEc&t=21s