Tuesday, May 28, 2019

Втора практична работилница од проектот „Витач - Инкубатор за органско пчеларство“


Здружението на производители на органска храна „Биовита” -  Кавадарци на ден 23.05.2019 год. во органскиот пчеларник на висорамнина Витачево  ја одржа втората практична работилница на тема „Активности поврзани со пролетниот развој на пчелите  од проектот  „Витач – Инкубатор за органско пчеларство кој се спроведува во рамките на проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).










Monday, May 27, 2019

Прва практична работилница од проектот „Витач - Инкубатор за органско пчеларство“




Здружението на производители на органска храна „Биовита” -  Кавадарци на ден 22.05.2019 год. во органскиот пчеларник на висорамнина Витачево  ја одржа првата практична работилница на тема „Обука за основни активности во органски пчеларник од проектот  „Витач – Инкубатор за органско пчеларство кој се спроведува во рамките на проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).





Посета на „Мал групен дом“ - Кавадарци

ЗПОХ „Биовита“ на ден 27.05 2019 година беше во посета на„ Мал Групен дом за деца во социјален ризик“ од Кавадарци со цел да ја продлабочиме соработката меѓу здружението и „Малиот групен дом“за задавање на активности на децата кои се изложени под социјален ризик.


Friday, May 10, 2019

Работилница родова еднаквост - јакнење на руралната жена

Здружението на производители на органска храна „Биовита“ на ден 09.05.2019 год. заедно во соработка со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија – Кавадарци и во соработка со обучувачката за родова еднаквост Марија Савовска, во просториите на АВРМ се одржа еднодневната работилница за Родова еднаквост – јакнење на руралната жена, проектна активност од проектот „Витач – Инкубатор за органско пчеларство“кој се спроведува во рамките на проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). на тема „Родова еднаквост преку економско зајакнување на жените.