Friday, November 27, 2020

Собирање потписи во с.Бегниште

 На 24.11.2020 год ЗПОХ ,, Биовита '' собра потписи од жителките во с.Бегниште за поднесување   на барање во општината.









Wednesday, November 25, 2020

Zoom завршен настан за „Заштита на диви видови растенија кои се собираат за трговски цели”

 ЗПОХ „Биовита“ -Кавадарци, учестуваше на завршниот настан за Заштита на диви видови растенија кои се собираат за трговски цели во релаизација на  Фондацијата Информација и заштита на природата- ФИЗП, Подружница во Република Северна Македонија, во соработка со МЖСПП и УНЕП,  на 25 ноември 2020 година (среда), на Zoom платформата. Беа  претставени резултатите од квантифицирањето на ресурсите од мечкино грозје (Аrctostaphylos uva-ursi), растение кое интензивно се собира од природата. Истражувањето е спроведено  во периодот од 2019-2020 година на цела територија на Република Северна Македонија.

Целта на овој настан бешее да иницира дискусија помеѓу сите заинтересирани страни како најефикасно да се подобри заштитата на дивите видови растенија кои се собираат за трговски цели.  





Monday, November 16, 2020

Завршен настан на проектна активност

 Во средата, на 11 ноември 2020, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци беше отворена Изложба на скулптури завршен настан од проектот „Скулпутри од лаванда и друга диворастечка флора“

Проектната активност, Завршен настан - Изложба во организација на Здружението “Биовита“, координаторка, уметницата Симона Манчева. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Изложбата се одвиваше исклучиво според Протоколите за работа во време на COVID - 19: за сите посетители - носење лична заштита на лицето, дезинфекција на рацете, одржување на растојание 1,5 - 2 метри и ограничен број на посетители.







Sunday, November 8, 2020

Zoom активност во ноември

 На 05. 11.2020 год. ЗПОХ „Биовита“ - Кавадарци, учествуваше на  кусиот онлине семинар, бесплатната презентција за нови 1010 конкурси за грантови за претпријатија, здруеженија и институции во организација на ПроЕфект, консалтинг организација  https://www.proefekt.mk/.

Претставени беа над 20 отворени конкурси 

За време на овој семинар беа преставени накусо и другите странски грант програми, како што се (Erasmus+, Creative Europe,  EaSI (Вработување и социјални иновации), Balkan Med, Норвешка поддршка, амбасади) и домашни програми (ФИТР, програми на министерства и владата) преку кои може да дојдете до грант (неповратна финансиска поддршка).




Thursday, November 5, 2020

ЗООМ работилница

 ЗПОХ „Биовита“-Кавадарци на ден 04.11.2020.год.присуствуваше на ЗООМ работилница со обука на тема „Отворен Град“ реализирана од страна на Metamorphosis Foundation.



ЗООМ работилница

 Здружението на производители на органска храна „Биовита“-Кавадарци на 16.10.2020. присуствуваше на ЗООМ работилница од едукативен карактер реализиран од ЗДРУЖЕНСКА.



Меѓународен ден на жената од руралната средина.

 ЗПОХ „Биовита“-Кавадарци, на 15.10.2020 год.преку ЗООМ апликацијата присуствуваше на настан кој се одржа со цел да се одбележи Меѓународниот ден на жената од руралната средина.



Wednesday, November 4, 2020

Анкета с.Бегниште

 На 03.11.2020 год ЗПОХ  ,, Биовита '' од Кавадарци спроведе анкета во с.Бегниште за проектот   Активни жени - здрава иднина.