Monday, December 28, 2020

Доделување на награди во О.Кавадарци - Honey Awards 2020- Тетово.

 На 27.12.2020. во Општинската сала во Кавадарци се одржа доделување на сертификати и медали од натпреварот за квалитет на мед кој се одржуваше во Тетово. Помеѓу учесниците присуствуваа и беа наградени органските пчелари Маријан Нојков - О.Неготино и Златка Милков - О.Кавадарцичлен на ЗПОХ „Биовита“-Кавадарци.







Wednesday, December 23, 2020

Zoom консултации за престоен повик за предлози, Инсрумент за пристапна помош (ИПА) 2020

  ЗПОХ „Биовита -Кавадарци учествуваше на консултациите за приоритетите и потенцијалните активности што ќе бидат финансирани во рамките на претстојниот Повик за предлози, Инструмент за претпристапна помош (ИПА) 2020, Инструмент за поддршка на граѓанското општество, одржано на  17ти декември од 9:00 часот на Zoom плтформата, во реализација на Граѓански Ресурсен Центар.








Friday, December 18, 2020

Прва работилница во с.Сопот

 На 17.12.2020 год ЗПОХ ,, Биовита '' ја реализира првата работилница во с.Сопот.










Thursday, December 17, 2020

Прва работилница во с.Бегниште

 На 14.12.2020 год се направи  реализација на првата работиница во с.Бегниште











Wednesday, December 16, 2020

Мрежен zoom состанок со Kvinna till Kvinna

 ЗПОХ „Биовита“ - Кавадарци на 15.12.2020 учествуваше на zoom мрежниот состанок - Интегрирана сигурност (Integrated security) во организација на тимот Kvinna till Kvinnа - Македонија, фасцилитаторка на мрежниот состанок Зорица Серафимовска Арсовска.




 

Friday, December 11, 2020

Zoom промотивна конференција - Фондацијата Отворено општество - Македонија

Во рамки на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите"ЗПОХ „Биовита“ присуствуваше на  промотивната конференција на првиот „Извештај во сенка од следењето на работата и ефектите на секторската работна група за образование, вработување и социјална политика за периодот јануари 2019 – февруари 2020", на 09.12.2019 .

Оваа конференција е дел на проектот Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите", кој го координира и имплементира Фондацијата Отворено општество - Македонија, со партнерите Реактор – Истражување во акција, Евротинк – Центар за европски стратегии и Центар за граѓански комуникации.

Конференцијата се реализираше онлајн на веб платформата ZOOM.






Thursday, December 10, 2020

Подигање анкетни листови во с.Пепелиште

 На 08.12.2020 год ЗПОХ ,, Биовита '' изврши подигнување на анкетните листови во с.Пепелиште.





ЗООМ работилници со МЦМС на тема „ Обука за управување со ризик во граѓанските организации“

 На 18,23 и 26 ноември 2020 година волонтерката од ЗПОХ „Биовита“ присуствуваше на обуките од МЦМС на тема „Обука за управување со ризик во граѓанските организации“.Обуките се одвиваа по неколку часови, а по завршувањето на обуките се извршуваа и домашни задачи поделени од по пет претставници во неколку групи.