Friday, June 28, 2019

Активности во Јуни

ЗПОХ „Биовита“ на ден 27.06.2019 год. учествуваше на еднодневна  работилница за  „Управување со диверзитетот на растителните генетски ресурси (РГР) за храна и земјоделство“ ,од проектот "Managing plant genetic diversity for food and agriculture in North Macedonia", ВАМ (п)одржувачи без кои не може да се воспостави целосно одржливо користење и промовирање на нашето национално богатство.Работилницата се одржа во Гевгелија.




Thursday, June 27, 2019

Активност јуни , Менада



На 19 јуни, членка на здружението „Биовита“ - Кавадарци беше гостинка на едукативен настан организиран од 

Кален Док-Дискусии/Kalen Doc-Discuss

во Менада, Скопје.

Monday, June 24, 2019

Oбука за следење на јавни политики

ЗПОХ „Биовита“  0д 19 - 21 јуни учествуваше на обука Oбука за следење на јавни политики во Скопје. 
 Обуката се организира во рамки на проектот „GEAR - Green Economy for Advanced Region“ кој има цел зголемување на активностите и влијанието на граѓанските организации од Македонија, Црна Гора, Србија, БиХ и Албанија во заштитата на животната средина преку вмрежување, зајакнување на нивните капацитети и промовирање на зелена економија.



Wednesday, June 19, 2019

Обука за родова еднаквост

ЗПОХ „Биовита“ учествуваше на Обука за Родова еднаквост од Мрежата на руралниот развој во рамките на проектот „Градење на капацитетите на членките“ , на 18 јуни во Скопје.


Активности во Јуни

ЗПОХ „Биовита“ на ден 18.06.2019 год.  учествуваше на Завршната конференција од проектот „Вклучување на родовите аспекти во руралниот и земјоделскиот развој“реализирана од Kvinna till Kvinna, a подржан од Европската Унија.


Monday, June 17, 2019

Практична работилница 5

Здружението на производители на органска храна „Биовита” –  Кавадарци на ден 16.06.2019 год. во Инкубаторот „Витач“ на висорамнина Витачево  ја одржа петтата практична работилница на тема „Обука за вадење полен, приполис и матичен млеч“
од проектот  „Витач – Инкубатор за органско пчеларство” кој се спроведува во рамките на проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Учесниците активно ги следеа постапките за вадење на прополис, полен и пчелниот отров и со помош на експертот после практичната презентација учеа преку различни методи и  практични  вежби, за подобро  разбирање и подобра примена на предадената тема





Практична работилница бр.4

ЗПОХ „Биовита” –  Кавадарци на ден 15.06.2019 год. во Инкубаторот „Витач“ на висорамнина Витачево  ја одржа четвртата практична работилница на тема „Ракување со опрема, ожичување рамки и аплицирање на восочни основи ” од проектот  „Витач – Инкубатор за органско пчеларство” кој се спроведува во рамките на проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).





Friday, June 14, 2019

Прв национален рурален парламент

 ЗПОХ Биовита учествувапе на Прв национален рурален парламент  кој се одржа во Крушево, хотел Монтана Палас, од 12-ти до 14-ти јуни 2019 година.
Според организаторите „ целта на овој настан е да се создаде национална платформа на рурални граѓански организации, ЛАГ-ови и здруженија за земјоделство и рурален развој, која ќе воспостави комуникација со локалните и националните власти во заедничкото дефинирање на политиките и прашањата поврзани со руралниот развој.




Tuesday, June 11, 2019

Kvinna till Kvinna

Членови на ЗПОХ „Биовита“ на ден 11.06.2019 год. учествуваа на работилница за поблиско запознавање со Планот за родова акција на Европска Комисија за Надворешните сервиси (Gender Action Plan II) спроведена од Kvinna till Kvinna,
Со оваа работилница   имавме можност  повеќе да се запознаеме со Планот за родова акција 2, неговата имплементација во земјата, како и корелацијата на тој план со националниот акциски план. Како дел од работилницата беа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу националните механизми за родова еднаквост, граѓанските организации и Делегацијата на Европска Унија.


Monday, June 10, 2019

Органското производство е и начин на живот на членовите од ЗПОХ „Биовита“


 Цветанка и Горан  се активни членови на здружението на производители на органска храна „Биовита“ од Кавадарци, а со големо задоволство зборуваат за тоа што го работат, за волшебната наутлија, и за својата љубов кон природата и традицијата...
Во продолжение следува линк од изјавата на членовите.

https://plusinfo.mk/%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%81-%D0%B5-%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D1%87/?fbclid=IwAR1MXoWO5J4LfZlUjxqilKHyFpYN-NzDevRASd0ZehHyqCNYUGQe7mZMKXc

Активности Јуни

Здружението на производители на органска храна „Биовита“ на ден 09.06.2019 год.  имаше посета од проректорот на универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, Марјан Ангелевски, со цел да се направи анализа на можностите за соработка и едукација на полето на органското земјоделие, тој и самиот е љубител на пчеларството.



Thursday, June 6, 2019

Трета практична работилница


 Здружението на производители на органска храна „Биовита” -  Кавадарци на ден 05.06.2019 год. во органскиот пчеларник на висорамнина Витачево  ја одржа третата практична работилница на тема „Производство на матици и матечен млеч од проектот  „Витач – Инкубатор за органско пчеларство кој се спроведува во рамките на проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).





Wednesday, June 5, 2019

Активности во месец Јуни 2019

Здружението на производители на органска храна „Биовита“  на ден 03.06.2019 год. учествуваше на презентација од проектот „Националната стратегија за развој на концептот за едно општвество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија, имплементиран од Влада на РСМ.

Обука за климатски промени

ЗПОХ „Биовита“  учествуваше на обука на граѓанскиот сектор за формирање на Мрежа за Климатски промени која се одржа 03- 04 Јуни 2019 година во Хотел Метропол, Охрид.