Monday, August 26, 2019

Посета на органски пчеларници во с. Клиново и с. Галиште


Здружението на производители на органска храна „Биовита“ на ден 25.08.2019 год. спроведе посета на органските пчеларници во с.Клиново и с. Галиште и пловење со брод преку „Тиквешко езеро“, активност од проектот „Витач“ – Инкубатор за органско пчеларство кој се спроведува во рамките на проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).



Friday, August 23, 2019

Втора посета на Инкубаторот „Витач“ со децата од „Мал Групен Дом “ -Кавадарци

ЗПОХ „Биовита“ организираше втора посета на Инкубаторот „Витач“ со децата од „Мал Групен Дом“ - Кавадарци на ден 22.08.2019 год., со цел да се прошират секојдневните активности. На посетата децата од „Мал Групен Дом“ се запознаа со пчелите, за првпат остварија  контакт со нив, видоа како изгледа едно пчелно друштво и дознаа основни информации за пчелите: матица, колку пчели има во едно друштво,  односно на прашања кои што тие ги поставија. Другите активности се однесуваа на  стекнување на  некои вештини што ке им бидат од корист во наредните години. Присутни на оваа посета беа 3 штитеници на домот 3 воспитувачки и проектниот тим на „Биовита“




Wednesday, August 21, 2019

Практична работилница 10

ЗПОХ „Биовита” –  Кавадарци на ден 19.08.2019 год. во инкубаторот „Витач“ на висорамнина Витачево  ја одржа десеттата практична работилница на тема „ Обука за болести и штетици кај пчелите”



 Со десетатта практична  работилница е  последната работилницата предвидена според проектните активности. Акцентот беше на темата „Обука за болести и штетици кај пчелите„ со што обучувачот на целната група им укажа дека заштитата од болести кај пчелите е една најзначајна алка во областа на органското пчеларење. Обуката започна во 9 часот, целната група со помош на обучувачот за органско пчеларство Горан Колев ги повторија основните практики што ги поминаа во текот на 5 –те теоретски и 10-те практични работилници, а со то се увиде дека  целната група е спремна да го прифати предизвикот да работат со пчели .Потоа секој на своите нуклеуси направи преглед и без беше евидентирано во пчеларски дневник што е потребно да се преземе во нардниот период. Обврската за грижа на пчелните семејства ја има проектниот тим се до моменот кога проектниот тим и членовите на целната група пчелните семејства ќе преселат на веќе одбрани локации од страна на целната група.
На последната работилница имавме посета од новинарката Мирјана Мукаетова, со цел да направи прилог за работилницата и да земе изјава од целната група за досегашното искуство од проектот.

Wednesday, August 14, 2019

Практична работилница 9

Здружението на производители на органска храна „Биовита” – Кавадарци на ден 12.08.2019 год. во инкубаторот „Витач“ на висорамнина Витачево ја одржа деветтата практична работилница на тема „Третман на обрзматичени пчелни семејства”.
И на деветтата практична работилница се продолжи со исто темпо на работа, заедно со обучувачот за органско пчеларство Горан Колев. 
Обуката започна во 9 часот со активности со тоа што целната група и покрај временската состојба работната атмосвера беше на високо ниво и целната група беше постојано вклучена во пчеларските тековни активности по зададената тема, со обучувачот им направија проверка на младите пчелни семејства. 
Се евидентираше нивната  моментална состојба и што треба да се преземи наредните денови.