Friday, March 2, 2018

Фотографии









Здружение на производители на органска храна „Биовита“ - Кавадарци



Здружението на органски производители „ Биовита“ формирано е 2007 во Кавадарци.
 Негови членови се земјоделските произвоители кои ги применуваат принципите на органското производставо во Тиквешкиот регион, но и производители од други региони на Македонија, кои со својата мисија на активности се совпаѓа со мисијата на здружението.
Мисија на ЗПОХ „Биовита“ е производство на храна според принципите на органското земјоделско призводство, заштита на природата и биодиверзитетот, подигнување на јавната свест за здрав  и квалитетен живот, чист воздух и чиста животна средина.

Со најновите активности на ЗПОХ „Биовита“ се воочи потребата од поголема ангажираност и  во делот на видливост на руралната жена.
 Здружението во овој период има 20 активни сертифицирани органски производители во Тиквешкиот регион,  од кои 4 се жени.
Во периодот што следи има најава за реално зголемување бројот на сертифицирани органски производители во Тивешијата.
Членството на ЗОПХ „Биовита“ е  составено од различни  видови на земјоделски стопанстава. Сточарство, градинарство, лозарство, фуражни култури и др.

Здружението учествува на  едукативни теоретски и  практични обуки низ Македонија.
Линкови од активности  реализирани од страна на членови на здружението.



https://backtothenaturemk.wordpress.com/?fbclid=IwAR0dIkKu4SXjTujvlD4X1_Csf79f_iu9m3kqNiJPCOjQ2AVF-lPjDZcX094


https://organiclavendermk.tumblr.com/?fbclid=IwAR1pINV8jjE5ww8briOGV0IgcSl-6pXaDkmypcaTMdI-0uTXfUPd0LG9m3Q