Wednesday, November 27, 2019

Тркалезна маса на тема: Економски можности и предизвици за жените од руралните средини



Здружението на органски производители на органска храна „Биовита“ од Кавадарци, на 25 ноември, во хотел Порта,  учествуваше на  завршната национална тркалезна маса на тема: Економски можности и предизвици за жените од руралните средини, организирана од страна на Рурална Коалицијa и Здружението на жени фармери Моја Фарма како партнер организации кои што го реализираат проектот  "Активни жени во руралните средини - активно придонесуваат кон развојот на локалната заедница" 




Monday, November 25, 2019

ЗПОХ „Биовита“ и Младите вина на семејните винарии во Тиквешијата


Здружението на производители на органска храна „Биовита“- Кавадарци, волонтерски активно учествуаше на настан „ Дегустација на овогодинешните врвни млади вина на членовите од здружението "Тиквешки Семејни Винарии" и учесниците на натпреварот на "Младо Вино 2019" , кој се одржа во ресторан „Сино“- Кавадарци.

 Линк од првата фаза активности:

https://utrinskivesnik.mk/%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%b4%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bc%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b8-%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%b0/


Линк од завршниот настан


https://www.youtube.com/watch?v=Xkp98B8OzqE&fbclid=IwAR1I2nZ2r9pVTZ8a_wBNuUCcO3kpCekA9kty7CTlf5vzmmfXAZIByVS2Mgw


Friday, November 22, 2019

Биовита и Медена земја

Претседателката на Здружението на производители на органска храна „Биовита“, Цветанка Колева, која се знанимава со пчеларство, веќе 20 год. даде своја критичка ипресија за филмот, без претезии да биде препознаена.
Slow food Macedonia го препозна текстото и му даде особено значење со објава  на  web - страната во рубриката „Храна за размислување“


https://slowfood.mk/medenata-zemja-od-moj-agol/?fbclid=IwAR3X4HxBN5WDwr5Wt-cy0aBuGDggMwROo0dAWNTfVY4-K02Qnf-LhAVmsdE

Wednesday, November 13, 2019

Активност во ноември 3

Членка на  Здружението на производители на органска храна „Биовита“ - Кавадарци, учествуваше во консултациите за утврдување на приоритетите за финансирање на граѓанските организации од Буџетот за 2020г. Консултациите се организираат во рамките на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ која е финансирана од Европската Унија а спроеведена од  Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Одделението за соработка со НВО во Генерален секретаријат (Одделението), во Скопје на 12 ноември (вторник) ,  во хотел ТЦЦ Гранд Плаза.



Tuesday, November 12, 2019

Активност во ноември 2

Здружението на производители на органска храна „Биовита“- Кавадарци,  учествуваше на работен состанок/сесија за понатамошните чекори кон воспоставување на ДМО - Управување со дестинации, на ден 11.11. во порсториите на Општина Росоман.









Monday, November 11, 2019

ЗПОХ „Биовита“ на последната од 25 -те работилници за пристапност до фондовите на ЕУ.



Здружението на производители на органска храна „Биовита“- Кавадарци, на 06.11. 2019 год. присуствиваше на последната од 25 -те работилници за пристапност до фондовите на ЕУ.
Амбасадорот Самуел Жбогар и Раководителот на секторот за соработка Никола Бертолини  во присуство на градоначалниците од скопскиот регион и одговорните лица од преку 60 општини, дискутираа за предизвиците на локално ниво, можностите за нивно финансирање од страна на ЕУ, но и за овозможени начин создавање квалитетен проект.


Работилница за органска храна во октомври




Здружението на производители на органска храна „Биовита“ од Кавадарци, на 29.10. 2019 год. волонтерски во соработка со „Вики Клубот“ од Скопје, одржа тричасовна работилница во Порта Македонија.
На присутните средношколци им се укажа на разликата помеѓу органскиот начин на прозводство, насптрема конвенционалниот, од страна на стручното лице Горан Колев.
Потоа, младите ентузијастики и ентузијасти преведуваа текстови од Википедија кои се поврзани со органското производство воопшто, а ги нема на македноски јазик.
На макакедонски јазик може да се прочитаат 7 нови статии на тема органско производство: органски риби, органска облека, органска необработена земја, оргаснки грав, климатските промени и земјоделието, органска хортикултура и шема за зеленчукова органска кошница.