Friday, March 12, 2021

Активност март 2021

 Во рамките на проектот „Активни жени-здрава иднина“ ЗПОХ „Биовита“ - Кавадарци, на 05.03. 2021 год. организираше Мреѓен состанок во Кавадарци на кој присуствуваа жени, жителки на селата: Сопот, Бегниште, од Општина Кавадарци и с. Долни Дисан од Општина Неготино. На овој состанок учествуваа и претставнички од „Акција Здрженска“ - Скопје.

Оваа проектна активност е дел од проектот 

„Зајакнување на локалното женско организирање“, спроведен од Акција Здруженска вo соработка во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој - Сида.

Состанокот се спроведе според протоколот за заштита од К19.

 






Monday, March 1, 2021

Активност февруари 2021


На барање на здружението, поради корисноста на работилницата, членка на ЗПОХ „Биовита“ присуствуваше на Мрежен состанок со едукативна работилница  на тема „ Превенција од прегорување“ пред се кај претставнички на организации кои што работат со обезбедување на серивиси и услуги за жртви,  реализирана платформата ZOOM на 26.02.2021 во организација на Kvinna till Kvina,

Note: Постигната е согласост од страна на присутните за необјавување фотографии.