Здружението на производители на органска храна ,,Биовита“ , Кавадарци се враќа на терен ...
ЗПОХ „Биовита“- Кавадарци присуствување на во текот на месец септември присуствуваше Обуки на теми со: модул: Застапување, Мониторинг, Градење партнетства, Застапување на ГО пред институциите, во рамки на проектот Мрежа Фискаст, одржани онлајн преку платформата ЗУМ.
ЗПОХ Биовита, Кавадарци во септември 2021 учествуваше на Вебинар - советувањето за Законот за заштита на личните податоци кое го организира членката на Мрежата за финансиска одржливост - Македонското здружение на млади правници (МЗМП) што ја следи оваа регулатива.
Советувањето се одржа на 03.09.2021 на Zoom Платформата.
ЗПОХ Биовита учествувше на формирањето на мрежата за растителен агробиодиверзитет, дел од проект спроведуван од Фондација Аполонија - Гевгелија и Ајде Македонија, а поддржан од USAID и Мировен Kорпус. Разгледување на предлог документ како основа за развивање дискусија за принципите, начинот на работа на новоформираната мрежа за агробиодиверзитет, програмските приоритети.
Претставничка на ЗПОХ Биовита, Кавадарци присуствуваше на промотивниот настан за првата Регионална прекугранична волонтерска програма за млади, ROUTE WB .
Можност за младите луѓе од Западен Балкан да волонтираат во регионот, во програма која е креирана од млади за млади луѓе.
На платформата Зум во месец мај, претставничка на ЗПОХ Биовита - Кавадарци, присуствуваше на Консултации за нацрт-законот за волонтерство во организација на Младински културен центар-Битола, Коалиција на младински организации СЕГА и Конект.
ЗПОХ Биовита учествуаше на 3-те сесии - Форум на Заедницата, Општина Кавадарци, во рамките на проектот: „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ (во оригинал: “Through gender lenses: appraising budgets and policies; watchdogging local action plans for gender equality implementation ”), финансиран од Европската Унија преку програмата Support to Civil Society Networks and Platforms in the Republic of North Macedonia.
ЗПОХ Биовита, учестуваше на работилиница, спроведена од Реактор - Истражување во акција, организира онлајн работилница на тема: „Активистички вовед во ГАП III“, во мај месец на платформата Zoom.
Работилница е дел од регионалниот проект „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“, финансиран од Европската Унија, кофинансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.
Членка за ЗПОХ „Биовита„ -Кавадарци за зеде учество на обуката за примена на теорија на промени во граѓанските организации. Обуката се одржа на 23, 26 и 28 април од 10:00 до 13:30 на платформата ЗООМ. Обука ја спроведе Љубомир Трајковски.
На крајот од апрли месец, ЗПОХ „Биовита“ на иницјатива на волонтерка во здружението, а со главна активнст Ромски образовен медијатор, Џ.А од Кавадарци, со Донирај Компјутер, беа обезбедени 10 компјутери за учениците Роми кои имаат минимални примања. Учениците се од ОЦУ „Димката А. -Габерот“ и ОУ „Димката А: - Габерот“ с. Ваташа. Компјутерите беа подигнти од страна на родител/старател.
Во рамките на проектот „Активни жени-здрава иднина“ ЗПОХ „Биовита“ - Кавадарци, на 05.03. 2021 год. организираше Мреѓен состанок во Кавадарци на кој присуствуваа жени, жителки на селата: Сопот, Бегниште, од Општина Кавадарци и с. Долни Дисан од Општина Неготино. На овој состанок учествуваа и претставнички од „Акција Здрженска“ - Скопје.
Оваа проектна активност е дел од проектот
„Зајакнување на локалното женско организирање“, спроведен од Акција Здруженска вo соработка во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој - Сида.
Состанокот се спроведе според протоколот за заштита од К19.
На барање на здружението, поради корисноста на работилницата, членка на ЗПОХ „Биовита“ присуствуваше на Мрежен состанок со едукативна работилница на тема „ Превенција од прегорување“ пред се кај претставнички на организации кои што работат со обезбедување на серивиси и услуги за жртви, реализирана платформата ZOOM на 26.02.2021 во организација на Kvinna till Kvina,
Note: Постигната е согласост од страна на присутните за необјавување фотографии.
На 04.02.2021 ЗПОХ „Биовита“ учествуваше на Мрежниот консултативен состанок во рамките на проекот „Зајакнување на локалното женско организирање“, спроведен од Акција Здруженска вo соработка со девет граќански организации во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој - Сида.
ЗПОХ „Биовита“ во рамките на оваа проектна активност го спроведуба проектот „Активни жени - здрава иднина“
На 27.12.2020. во Општинската сала во Кавадарци се одржа доделување на сертификати и медали од натпреварот за квалитет на мед кој се одржуваше во Тетово. Помеѓу учесниците присуствуваа и беа наградени органските пчелари Маријан Нојков - О.Неготино и Златка Милков - О.Кавадарцичлен на ЗПОХ „Биовита“-Кавадарци.
ЗПОХ „Биовита -Кавадарци учествуваше на консултациите за приоритетите и потенцијалните активности што ќе бидат финансирани во рамките на претстојниот Повик за предлози, Инструмент за претпристапна помош (ИПА) 2020, Инструмент за поддршка на граѓанското општество, одржано на 17ти декември од 9:00 часот на Zoom плтформата, во реализација на Граѓански Ресурсен Центар.