Friday, June 14, 2019

Прв национален рурален парламент

 ЗПОХ Биовита учествувапе на Прв национален рурален парламент  кој се одржа во Крушево, хотел Монтана Палас, од 12-ти до 14-ти јуни 2019 година.
Според организаторите „ целта на овој настан е да се создаде национална платформа на рурални граѓански организации, ЛАГ-ови и здруженија за земјоделство и рурален развој, која ќе воспостави комуникација со локалните и националните власти во заедничкото дефинирање на политиките и прашањата поврзани со руралниот развој.




Tuesday, June 11, 2019

Kvinna till Kvinna

Членови на ЗПОХ „Биовита“ на ден 11.06.2019 год. учествуваа на работилница за поблиско запознавање со Планот за родова акција на Европска Комисија за Надворешните сервиси (Gender Action Plan II) спроведена од Kvinna till Kvinna,
Со оваа работилница   имавме можност  повеќе да се запознаеме со Планот за родова акција 2, неговата имплементација во земјата, како и корелацијата на тој план со националниот акциски план. Како дел од работилницата беа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу националните механизми за родова еднаквост, граѓанските организации и Делегацијата на Европска Унија.


Monday, June 10, 2019

Органското производство е и начин на живот на членовите од ЗПОХ „Биовита“


 Цветанка и Горан  се активни членови на здружението на производители на органска храна „Биовита“ од Кавадарци, а со големо задоволство зборуваат за тоа што го работат, за волшебната наутлија, и за својата љубов кон природата и традицијата...
Во продолжение следува линк од изјавата на членовите.

https://plusinfo.mk/%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%81-%D0%B5-%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D1%87/?fbclid=IwAR1MXoWO5J4LfZlUjxqilKHyFpYN-NzDevRASd0ZehHyqCNYUGQe7mZMKXc

Активности Јуни

Здружението на производители на органска храна „Биовита“ на ден 09.06.2019 год.  имаше посета од проректорот на универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, Марјан Ангелевски, со цел да се направи анализа на можностите за соработка и едукација на полето на органското земјоделие, тој и самиот е љубител на пчеларството.



Thursday, June 6, 2019

Трета практична работилница


 Здружението на производители на органска храна „Биовита” -  Кавадарци на ден 05.06.2019 год. во органскиот пчеларник на висорамнина Витачево  ја одржа третата практична работилница на тема „Производство на матици и матечен млеч од проектот  „Витач – Инкубатор за органско пчеларство кој се спроведува во рамките на проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).





Wednesday, June 5, 2019

Активности во месец Јуни 2019

Здружението на производители на органска храна „Биовита“  на ден 03.06.2019 год. учествуваше на презентација од проектот „Националната стратегија за развој на концептот за едно општвество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија, имплементиран од Влада на РСМ.

Обука за климатски промени

ЗПОХ „Биовита“  учествуваше на обука на граѓанскиот сектор за формирање на Мрежа за Климатски промени која се одржа 03- 04 Јуни 2019 година во Хотел Метропол, Охрид.