Thursday, March 12, 2020

Биовита и 8-ми Март

Дел од слободните членки на ЗПОХ „Биовита“ го прославија 8-ми Март 2020 год.






Tuesday, March 10, 2020

Активности на ЗПОХ „Биовоита“, февруари



ЗПОХ „Биовита“ од Кавадарци, како дел од претставниците  на организациите-членки на мрежата на граѓански организации за Отворено владино партнерство (т.е. партнерство за отворена власт), учествуваше на средбата одржана на 18.02 во Скопје, при отпочнување на процесот на подготовка на националниот Акциски план за отворено владино партнерство 2020-2022 (НАП 5) со што МИОА официјално го отпочна процесот на подготовка на петтиот национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2020-2022 .

Фотографии од настанот:https://www.flickr.com/photos/fosim/sets/72157713162338051/

Wednesday, February 26, 2020

Активности ЗПОХ „Биовита“ , февруари 2020 година

По чест на празникот на лозарите и винарите Св. Трифун,  трите здруженијата:
Биовита
Винари од Македонија и
Тиквешки семејни винарии
Организираат предавање  од областа на Органското производство и Заштита на лозовите насади со примена на био- заштитни средства.
Предавачи: 
Хемомак -  м-р.Васко Манев
Представник на Процерт  сертификациско тело за органско производство: дип.инж.агр. Колев Горан.
Предавањето   се одржа
 во Салата на Општина Кавадарци  во Вторник 11.02.2020 година од 19.часот.






Tuesday, December 17, 2019

Работилница за Управување на дестинации

ЗПОХ „Биовита“- Кавадарци,  на 16.12. 2109 во Велес, во хотел ;;Монтенегро“, учествуваше на работилница за  ,,Управување со дестинации“, во присуство на представници ос Светска банка, јавен сектор, невладин сектор и бизнис сектор.
на работилницата беа пренесени впечатоците од студиската посета на работната група од други два региона.




Thursday, December 5, 2019

ГО и волонтирањето

ЗПОХ „Биовита“ - Кавадарци, присуствуваше на информативна дискусија со наслов „Како граѓанските организации да го поттикнат волонтирањето?“, на 4 декември 2019 година во Ресурсниот центар во Штип, Органициран ид Граѓанскиот ресурсен центар.





Monday, December 2, 2019

Биовита на Кампања за родова инклузија и родова рамноправност за жените и девојките со посебни протреби - Штип




На 29. 11. 2019 год. во Штип, во  Мултимедијалниот центар на „Канал77“, Здружението на производители  на органска храна „Биовита“-Кавадарци, присуствуваше на 
 Третата конференција во рамките на проектот „Кампања за родова инклузија и родова рамноправност за жените и девојките со посебни протреби“.  На овој завршен настан на проектот беше промовирана брошура со добиените резултати од истражувањето, спот и документарен филм “Сите сме рамноправни, сите сме исти!


Биовита на Зелена економија- Велес

Здружението на производители на органска храна „Биовита“-Кавадарци, учествуваше на обуката за граѓански организации на тема: „Зелена економија и улога на ГО во примената на концептот за зелена економија во МСПа во Македонија“.
Обуката се одржа на 28.11.2019 год.  која ќе се одржи на 28.11.2019 година, во Мотел Епицентрум, Велес.
На обуката ќе бидат презентирани содржини поврзани со зелена економија, односно улогата на ГО во примената на концептот за зелена економија, како до одржливи и транспарентни политики, законската основа на примена на концептот за зелена економија (зелени економски зони, зелени работни места, енергетска ефикасност), Green New Deal на Европската Комисија и секторски анализи (status-quo, предизвици, можности и примери за добри практики).