Monday, September 28, 2020

Zoom конференција

 Здружението на производители на органска храна „Биовита“, присуствуваше на зоом конференцијата на  проектот „Потенцијали за зачувување, одржување и промоција на
агробиодиверзитетoт“ поддржан од Мировен Корпус преку програмата за мали грантови на USAID, с



проведуван од Фондација Аполонија - Гевгелија и Асоцијацијата „Ајде Македонија“, 
 на 22, 23 и 24 Семптември 2020 год.

Претседателката на здружението на третата конференција учествуваше со презентација во која беа опфатени активностите на здружението и презенатција за искуството со одржување и зачувување на багробиодиверзитетот како Индивидуална земјодлека на семејно-земјоделскот стопанство, кое ги применува принципите на органското производство.






Thursday, September 24, 2020

ЗООМ активност во Септември.

                     Волонтерка од ЗПОХ „Биовита“-Кавадарци учествуваше на ЗООМ настан со наслов

                    „Депонија или трпеза за вишокот на земјоделски производи?“

                      Настанот беше организиран од страна на  „Рурална Коалиција“

                      Настанот се одржа на 22.09.2020 година .





 

Wednesday, September 16, 2020

Активни жени -здрава иднина

 Здружението на производители на органска храна „Биовита“- Кавадарци на 14.09.2020 год. го потпиша Договорот  за реалзација на пилот -  проектот „Активни жени - здрава иднина“ (  кој е дел од проектот „Зајакнување на локалното женско организирање“, спроведуван од Акција Здруженска - Скопје во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој - Сида. 

Пилот-проектот „Активни жени - здрава иднина“ е во треање од 7 месеци во кој се опфатени две села во Општина Кавадари, и две села во Општина Неготино.




Sunday, September 13, 2020

Активности во септември

На 07.09. 2020 Здружението на органски производители „Биовита“ - Кавадарци беше дел од Session 14: Climate, covid, capitalism - why we need a global green new deal Confirmation

, на покана од Young Friends of the Earth Europe




Thursday, September 10, 2020

Зоом активност август- септември

 ЗПОХ „Биовита“ -Кавадарци присуствуваше на онлајн сесии во август и септемви на Балканскиот регионален форум, каде што се презентираа нацрт-принципите за Балкански план за зелено и правилно закрепнување и создавање на основи за социјално праведна и одржлива иднина во 2030 година за регионот на Балканот.






Monday, August 31, 2020

Активност за Зоом платформа - август

 

  ЗПОХ „Бивита“ - Кавадарци, учествуваше  на онлајн настанот „Заштита на личните податоци – право на секој граѓанин“ одржан на 26 август 2020 година на платформата ЗООМ, организирана од МЦМС.



Wednesday, August 26, 2020

Работни волонтерски активности

 На  25.07. 2020 ЗПОХ „Биовита“ - Кавадарци со Здружението на „Лица со церебрална парализа“ - Велес и „ МамаОргана“ која делува во областа социјално претприемништво остварија работен волонтерски состанок на тема- Можности и преспективи за работа.