Friday, March 12, 2021

Активност март 2021

 Во рамките на проектот „Активни жени-здрава иднина“ ЗПОХ „Биовита“ - Кавадарци, на 05.03. 2021 год. организираше Мреѓен состанок во Кавадарци на кој присуствуваа жени, жителки на селата: Сопот, Бегниште, од Општина Кавадарци и с. Долни Дисан од Општина Неготино. На овој состанок учествуваа и претставнички од „Акција Здрженска“ - Скопје.

Оваа проектна активност е дел од проектот 

„Зајакнување на локалното женско организирање“, спроведен од Акција Здруженска вo соработка во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој - Сида.

Состанокот се спроведе според протоколот за заштита од К19.

 






Monday, March 1, 2021

Активност февруари 2021


На барање на здружението, поради корисноста на работилницата, членка на ЗПОХ „Биовита“ присуствуваше на Мрежен состанок со едукативна работилница  на тема „ Превенција од прегорување“ пред се кај претставнички на организации кои што работат со обезбедување на серивиси и услуги за жртви,  реализирана платформата ZOOM на 26.02.2021 во организација на Kvinna till Kvina,

Note: Постигната е согласост од страна на присутните за необјавување фотографии.

Friday, February 12, 2021

Zoom конференција - активност од проектот ,, Ефективни механизми за граѓанско учество '' на УСАИД.

  ЗПОХ „Биовита -Кавадарци учествуваше на конференција на тема : ,, Децентрализација 2.0; Ефективни           механизми за граѓанско учество '', на 11.02.2021год на платформата ZOOM.
  








Wednesday, February 10, 2021

Активност февруари 2021

 На 04.02.2021 ЗПОХ „Биовита“ учествуваше на Мрежниот консултативен состанок во рамките на проекот „Зајакнување на локалното женско организирање“, спроведен од Акција Здруженска вo соработка со девет граќански организации во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој - Сида. 

ЗПОХ „Биовита“ во рамките на оваа проектна активност го спроведуба проектот „Активни жени - здрава иднина“ 

 


 

Monday, December 28, 2020

Доделување на награди во О.Кавадарци - Honey Awards 2020- Тетово.

 На 27.12.2020. во Општинската сала во Кавадарци се одржа доделување на сертификати и медали од натпреварот за квалитет на мед кој се одржуваше во Тетово. Помеѓу учесниците присуствуваа и беа наградени органските пчелари Маријан Нојков - О.Неготино и Златка Милков - О.Кавадарцичлен на ЗПОХ „Биовита“-Кавадарци.







Wednesday, December 23, 2020

Zoom консултации за престоен повик за предлози, Инсрумент за пристапна помош (ИПА) 2020

  ЗПОХ „Биовита -Кавадарци учествуваше на консултациите за приоритетите и потенцијалните активности што ќе бидат финансирани во рамките на претстојниот Повик за предлози, Инструмент за претпристапна помош (ИПА) 2020, Инструмент за поддршка на граѓанското општество, одржано на  17ти декември од 9:00 часот на Zoom плтформата, во реализација на Граѓански Ресурсен Центар.








Friday, December 18, 2020

Прва работилница во с.Сопот

 На 17.12.2020 год ЗПОХ ,, Биовита '' ја реализира првата работилница во с.Сопот.