Tuesday, April 30, 2019

Посета од страна на The European Living Beekeeping Association (ELBA)



Во месец април членови на здружението ЗПОХ „Биовита“, пчелари и познавачи/ собирачи на диворастечка флора во Тиквешијата беа посетени од страна на претеседателот на  пчеларската европска асоцијација
The European Living Beekeeping Association (ELBA), http://www.association-europeenne-apiculture.com/en/ , чиј претседател е еминетниот професор Рог Домерего и неговиот секретар Тибо Лимон, во придружба на Александар Димитриоски, преставник од МЗШВ на РСМ,  и Душан Кироски. Професорот Рог е  научник и вљубеник во пчелите „човек кој и тоа како има јасна слика за улогата и важоста на пчелите за егзитенцијата на човечкиот род воопшто би рекол. Го познава секој детаљ поврзан со пчелите “ - Изјава на Александар Димитриовски, претседател  на Здружението Apiseed во РСМ. http://apiseed.mk/

На органскиот пчеларник, каде што се одржа средбата се разговараше за  можностите и развојот на органското пчеларство, присуството и застапеноста на диворастечката флора во регионот, одржливост на биодиверзитетот со холистички приод при одржливоста на руралните средини.










No comments:

Post a Comment