Во
рамките на соработката помеѓу Македонското здружение за заштита на македонската
автохтона медоносна пчела – MacBee (www.macbee.org) и здружението за заштита на биодиверзитетот од Малта
- Breeds of Оrigin, од 18 до 25 март се реализираше студиско патување на
медитеранските острови Малта и Сицилија во Италија. При посетата, единаесетте
членови на MacBee имаа можност да се запознаат со начинот на
одгледување на автохтоните медоносни пчели во Малта (A.
m. ruttneri) и Сицилија (A. m. siciliana), како и начинот на добивање, пакување и маркетинг на
пчелните производи од овие загрозени популации на медоносни пчели.
No comments:
Post a Comment