Македонскиот центар за меѓународна соработка и Медиа плус, Штип во рамките на проектот Граѓански ресурсен центар организираа отворен ден со граѓанските организации во Кавадарци во петок,27 септември, во просториите на Центарот за поддршка на невладини организации - Кавадарци, меѓу кои учество зазема ЗПОХ „Биовита“. Целта на средбата беше да се информираат граѓанските организации за можностите што ги нуди центарот други теми и прашања кои се од интерес за функционирањето на организациите. Проектот Граѓански ресурсен центар е финансиран од Европската Унија а го спроведува МЦМС во партнерство со АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип.
No comments:
Post a Comment