Wednesday, December 8, 2021

Неформално феминистичко учење

 Од 14 октомври до 25 ноември2021,  Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје со поддршка од фондацијата Kvinna till Kvinna ја реализираа првата неформална школа “Феминистичко образование за сите“на која учествуваа и членки, волонтерки во ЗПОХ „Биовита“- Кавадарци.

Школата имаше за цел да им понуди на учесниците, млади жени и девојки, лица од различна етничка припадност, род, различни видови на попреченост, различни места на живеење како и лица со различен економски статус предавања од областа на феминизмот, родовите студии и женските студии. Институтот во рамките на својата наставна дејност спроведува магистерски студии по род, а целта на оваа школа е да се доближи темата и знаењата од таа област до што поголема популација која има интерес. Предавачите на школата говореа за: Историјата на женското движење за ослободување; Главните интелектуални идеи и нивните политички рефлексии: традицијата на либералниот феминизам, социјалистичка и анархистичка традиција, втор и трет бран на феминизам; Интерсекционалност; Жените и економската еднаквост.
Линкот до видеo записот од предавањата одржани во рамки на школата.

Неформална школа „Феминистичко образование за сите“

No comments:

Post a Comment