Здружението на производители на органска храна „Биовита“ од 09-10.10.2019 год. во хотел Гардениа - Велес, учествуваше на дводневна обука на тема „Работилница за управување со дестинации“ водена од експертот Roger Carter во реализација од Светска Банка .
Thursday, October 10, 2019
Friday, October 4, 2019
Студиска посета во градот Кавадарци
ЗПОХ „Биовита“ излезе во пресрет на барањето на Фондацијата “ Gratë Fermere – Suharekë” од Косово да организира групна посета на 15 косовски жени рурални фармерки за посета на четири рурални жени од Тиквешијата кои се занимаваат со земјоделие и преработка на земјоделски производи, дел од нив се органски производи.
Посетата се реализира на ден 03.10.2019 год. и беа посетени: Нада Маринковиќ во с. Градско, со преработувачки капацитет на пчелни производи, Весна Јаневска од с. Росоман, прогласена за,, Жена на годината 2018 год. ", која се занимава со одгледување и преработка на зеленчук и овошје на традиционален начин, Љубица Митревска од Кавадарци, жена која се занимава со производство на гроздов сируп т. н Маџун и посета на Еко-Груп, преработувачки капацитет за преработка и производство на органски вегански производи. Целта на посетата беше размена на искуства со жени земјоделки од регионот на Тиквешијата, при што жените земјоделки активни членки на Фондацијата од Сува Река имаа можност да ги слушнат женските активности и одлуки на руралната жена во нашата земја.
Во прилог следува линк и фотографии од реализираната посета.
Tuesday, October 1, 2019
Климатските промени во пчеларството
ЗПОХ
„Биовита“ ги заврши активностите од проектот „Витач – Инкубатор за органско
пчеларство“ кој се имплементира во рамките на Регионалната програма за локална
демократија во Западен Балкан (ReLOaD), која е финансирана од Европската Унија
(ЕУ), а се спроведува од Програмата за развој на Обединети нации (УНДП), со последното спроведено предавање за
климатски промени, на ден 30.09.2019 год. во Собраниската сала на Општина Кавадарци.
На предавањето проф. д-р Хрисула Кипријановска ,професорка на факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, ги запозна присутните со темата на начин што ке можат да ја разберат и да придобијат информации околу климатските промени во пчеларството.Во прилог следуваат линкови и фотографии од предавањето.
http://rtk.mk/kavadarci/5228-klimattskite-primeni-i-pcelarstvoto.html?fbclid=IwAR1BYiP2LplaJ9e_09hmVKqSKhK2LW4G8Di49leez-7Fb-qQufbv490FMLs
https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%ba%d1%83-%d0%ba%d0%bb%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%b2%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b0%d1%82-%d0%b2%d1%80/?fbclid=IwAR1VJxyott1LxPIg49G25diRXefDzFFUrOOniQ9TgMGohGmMuUIVBCrh0Sc
Friday, September 27, 2019
Граѓански ресурсен центар
Македонскиот центар за меѓународна соработка и Медиа плус, Штип во рамките на проектот Граѓански ресурсен центар организираа отворен ден со граѓанските организации во Кавадарци во петок, 27 септември, во просториите на Центарот за поддршка на невладини организации - Кавадарци, меѓу кои учество зазема ЗПОХ „Биовита“.
Целта на средбата беше да се информираат граѓанските организации за можностите што ги нуди центарот други теми и прашања кои се од интерес за функционирањето на организациите.
Проектот Граѓански ресурсен центар е финансиран од Европската Унија а го спроведува МЦМС во партнерство со АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип.
Целта на средбата беше да се информираат граѓанските организации за можностите што ги нуди центарот други теми и прашања кои се од интерес за функционирањето на организациите.
Проектот Граѓански ресурсен центар е финансиран од Европската Унија а го спроведува МЦМС во партнерство со АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип.
Wednesday, September 18, 2019
Работилница за управување со дестинации
Здружението на производители на органска храна „Биовита“ од 16 -17.09 учествуваше на дводневна обука на тема „Работилница за управување со дестинации“ водена од експертот Roger Carter во реализација од Светска Банка.
Monday, September 16, 2019
„Ден на граѓанските организации“ - Civica Mobilitas
На ден 14.09.2019 год. покрај 80 граѓански организации, тимот на ЗПОХ „Биовита“ учествуваше на настан „Ден на граѓанските организации“ спроведен од програмата Civica Mobilitas. Над 80 граѓански организации се претставија со многубројните активности и размена на искуствата меѓу нив, а нашето здружението му стави акцент на органското производство.
EQzbwMF-GkDLID0UWEIaiF0Dypw&__tn__=EHH-R
Thursday, September 12, 2019
Завршен настан на проектот „Витач“ - Инкубатор за органско пчеларство
ЗПОХ „Биовита“ го спроведе завршниот настан на проектот „Витач“ на ден 11.09.2019 год. во општинските простории на Општина Кавадарци. На завршниот настан се презентираа сработените активности од страна на проектниот тим и постигнатите резултати.
Во прилог следи видео од завршниот настан на проектот „Витач“ - Инкубатот за органско пчеларство.
https://www.youtube.com/watch?v=zzk-ee2cwEc&t=21s
Во прилог следи видео од завршниот настан на проектот „Витач“ - Инкубатот за органско пчеларство.
https://www.youtube.com/watch?v=zzk-ee2cwEc&t=21s
Subscribe to:
Posts (Atom)



















