Здружението на производители на органска храна „Биовита” - Кавадарци на ден 23.05.2019 год. во органскиот пчеларник на висорамнина Витачево ја одржа втората практична работилница на тема „Активности поврзани со пролетниот развој на пчелите ” од проектот „Витач – Инкубатор за органско пчеларство” кој се спроведува во рамките на проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Tuesday, May 28, 2019
Monday, May 27, 2019
Прва практична работилница од проектот „Витач - Инкубатор за органско пчеларство“
Здружението на производители на органска храна „Биовита” - Кавадарци на ден 22.05.2019 год. во органскиот пчеларник на висорамнина Витачево ја одржа првата практична работилница на тема „Обука за основни активности во органски пчеларник” од проектот „Витач – Инкубатор за органско пчеларство” кој се спроведува во рамките на проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Посета на „Мал групен дом“ - Кавадарци
ЗПОХ „Биовита“ на ден 27.05 2019 година беше во посета на„ Мал Групен дом за деца во социјален ризик“ од Кавадарци со цел да ја продлабочиме соработката
меѓу здружението и „Малиот групен дом“за задавање на активности на децата кои се
изложени под социјален ризик.
Friday, May 10, 2019
Работилница родова еднаквост - јакнење на руралната жена
Здружението на производители на органска храна „Биовита“ на ден 09.05.2019 год. заедно во соработка со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија – Кавадарци и во соработка со обучувачката за родова еднаквост Марија Савовска, во просториите на АВРМ се одржа еднодневната работилница за Родова еднаквост – јакнење на руралната жена, проектна активност од проектот „Витач – Инкубатор за органско пчеларство“кој се спроведува во рамките на проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). на тема „Родова еднаквост преку економско зајакнување на жените.
Tuesday, April 30, 2019
Посета од страна на The European Living Beekeeping Association (ELBA)
Во месец април членови на здружението ЗПОХ „Биовита“, пчелари и познавачи/ собирачи на диворастечка флора во Тиквешијата беа посетени од страна на претеседателот на пчеларската европска асоцијација
The European Living Beekeeping Association (ELBA), http://www.association-europeenne-apiculture.com/en/ , чиј претседател е еминетниот професор Рог Домерего и неговиот секретар Тибо Лимон, во придружба на Александар Димитриоски, преставник од МЗШВ на РСМ, и Душан Кироски. Професорот Рог е научник и вљубеник во пчелите „човек кој и тоа како има јасна слика за улогата и важоста на пчелите за егзитенцијата на човечкиот род воопшто би рекол. Го познава секој детаљ поврзан со пчелите “ - Изјава на Александар Димитриовски, претседател на Здружението Apiseed во РСМ. http://apiseed.mk/
На органскиот пчеларник, каде што се одржа средбата се разговараше за можностите и развојот на органското пчеларство, присуството и застапеноста на диворастечката флора во регионот, одржливост на биодиверзитетот со холистички приод при одржливоста на руралните средини.
Saturday, April 27, 2019
ЗПОХ „Биовита“ и „MacBee“
Пчеларски работен ден помеѓу орагските пчелари, членови на ЗПОХ „Биовита“ и Македонското
здружение за заштита на македонската автохтона медоносна пчела – MacBee на органски пчеларник во Тиквешијата.
Wednesday, April 24, 2019
Subscribe to:
Posts (Atom)

























