Tuesday, July 16, 2019

Практична работилница 7

Здружението на производители на органска храна „Биовита” –  Кавадарци на ден 15.07.2019 год. во Инкубаторот „Витач“ на висорамнина Витачево  ја одржа седмата практична работилница на тема „Двоматично пчеларење“ од проектот  „Витач – Инкубатор за органско пчеларство”.
Целната група беше ангажирана да работи на пчелните семејства кои што предвидени за секој од учесниците на проектот, заедно со обучувачот за органско пчеларење. На инкубаторот „Витач“ дојдоа во посета донаторите на проектот и двајца преставници од општината со цел да извршат мониторинг на проектните активности т. е. да присуствуваат на  дел од активностите на проектот, да се запознаат со поддетални  активности на терен со на целната група, работата на проектниот тим и успешноста на спореведувањето на проектните активности.




No comments:

Post a Comment