Tuesday, July 23, 2019

Практична работилница 8

ЗПОХ „Биовита“–  Кавадарци на ден 22.07.2019 год. во инкубаторот „Витач“ на висорамнина Витачево  ја одржа осмата практична работилница на тема „Обука за вадење мед”.На работилницата беше назначено дека ќе се работи на тема „Обука за вадење мед“ , но поради  неповолните временските услови, оваа година нема доволна количина за вадење на мед, па целната група работеше на младите пчелни семејства – нуклеусите. Секој учесник работеше на своите предвидени 2 млади пчелни семејства,  со помош на обучувачот им вршеа контрола и на пчеларскиот дневник ги запишуваа недостатоците за следната практична обука.


No comments:

Post a Comment