Tuesday, October 22, 2019

Регионална конференција за можностите и предизвиците на жените од руралните средини

Членка на Здружението на производители на органска храна „Биовита“ учествуваше на конференција организирана од  Kvinna till Kvinna Foundation и Организација на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ финансиран од Делегацијата на Европска Унија Ве поканува да земете учество на регионалната конференција „Можности и предизвици на жените од руралните средини од Вардарскиот плански регион“.
Конференцијата се организира по повод Меѓународниот ден на жените од руралните
средини - 15 Октомври, со цел да обезбеди поголема видливост и вклученост на овие жени
на локално ниво и нивна поголема соработка со локалните власти. Покрај тоа,
конференцијата има за цел и да ги доближи локалните власти до жените од руралните
средини и одблиску да ги слушнат предизвиците со кои тие се соочуваат секојдневно, како и
самите жени да слушнат и предложат на локалните власти како да се подобри нивната
положба на локално ниво.

No comments:

Post a Comment