Здружението на производители на органска храна ,,Биовита" присуствува на одбележувањето на „Меѓународен ден на руралната жена“.
Настанот секоја година се организира од страна на Националната федерација на фармери (НФФ) и Мрежата за рурален развој (МРР) со поддршка на Шведската организација за развој We Effect. Минатата година беше потпишана Декларација за подобрување на економската и социјалната положба на руралните жени од страна на НФФ, МРР, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за труд и социјална политика, која беше подржана од страна на Шведската организација за развој We Effect и UN Women.
Оваа година, Меѓународниот ден на руралната жена се одржува на 15-ти октомври во Демир Капија и ЗПОХ ,, Биовита " има чест и прилика со своите членки, органски производителки и поддржувачки на органското првпат да учествува на оваа манифестација од особено значење за руралната жена.
No comments:
Post a Comment